Во Собранието ќе ги активираме пратеничките прашања, секоја недела. Ќе ги отвориме портите во комисиите за сите што се заинтересирани, ќе ставиме крај на закони по скратена постапка, секој закон од значење ќе се праќа во Венецијанската комисија. Јас се залагам за мала и компетитивна влада во која нема да има измислени министри, партиски војници. Ќе подразмислиме околу управните одбори, околу замениците, околу измислени функции, за да се пренасочат парите во проектите за кои зборуваме. Еден од првите предлози е да свикаме уставно-правна комисија, да ги детектираме најголемите маани што произлегуваат од Уставот, сето тоа мора да има решение и мора да размислуваме системски со цел да направиме пристојно место за живеење Ова вчера го изјави носителката на Првата изборна единица проф. Гордана Сиљановска Давкова, на отворањето на предизборниот штаб во Скопје.
Граѓански збор објави дека нејзиниот син Павле Давков бил член на управниот одбор на ЈП “Злетовица” речиси 6 години, а решението за негово именување лично го потпишал Никола Груевски.
Во март минатата година, кога професорката беше кандидат а претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, раководството на „Злетовица“ потврдило дека Павле Давков е предложен и избран по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, но не дале податок што е по професија.
Д.Е.