ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средношколецот Христијан Андовски од Велес освои второ место на Европскиот квиз на парите

June 26, 2020 11:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Андовски, ученик во средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес, освои второ место во финалето на Европскиот квиз на парите – најголемо европско натпреварување во сферата на финансиската едукација. Победниците ги објави Европската банкарска федерација (ЕБФ) – првото место го освои претставник на Шпанија, а  третопласирани се претставници на Чешка.

Второто место во Европа Андовски го освои во конкуренција на голем број натпреварувачи од 28 држави. Според податоците на ЕБФ, преку онлајн-платформата Кахут (Kahoot!), оваа година, бројот на учесници на Европскиот квиз на парите е значајно поголем во споредба со минатата година.

Ова е втор успех за наши ученици на Европскиот квиз на парите.  Минатата година, кога нашата земја првпат учествуваше во овој квиз,  европски вицешампиони беа Викторија Панова и Марко Инѓилизов од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, коишто претходно беа победници на националниот натпревар.

Македоската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека повторувањето на успехот на европско ниво од младиот велешанец Андовски уште еднаш потврдува дека интензивното вложување во финансиската едукација на младите од земјата веќе дава видливи резултати – и преку интересот на младите за стекнување знаења во областа на финансиите, но и преку подигнување на нивото на нивната финансиска писменост.

-Дополнителен показател за ова е и тоа што годинава, во големото европско финале на Европскиот квиз на парите, најбројни беа претставниците на нашата земја. Андовски ја имаше искористено можноста што годинава ЕБФ ја даде заради глобалните околности со пандемијата на Ковид-19, во финалето на Европскиот квиз на парите, преку онлајн-пристап да можат да учествуваат сите заинтересирани, вклучително и учениците коишто претходно не учествувале во националните натпреварувања, наведува МБА.

Македонската банкарска асоцијација го организира учеството на нашата земја на Европскиот квиз на парите во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од министерстата за финансии и за образование и наука.

МБА најави дека во претстојниот период се планираат и други заеднички активности во сферата на финансиската едукација, приспособени на можностите додека е во тек пандемијата. 

Next Post

Лансирањето на роверот „Perseverance“ на Марс е одложено за 22 јули

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk