Претседателот на СДСМ и носител на листа на ИЕ 4, Зоран Заев, од Охрид денес порача дека сега како земја членка на НАТО и земја која започнува преговори со ЕУ, треба да „ги засукаме ракавите“ за потребните реформи во образованието и правосудството, како и надоградување на здравствениот систем.
Ги гледате понудите на другите политички партии. Ви ветија НАТО и ЕУ? Не може да ветат, кога е веќе завршена работа.
Сега останува да се посветиме дома. Да ги засукаме ракавите и да ја кренеме економијата.
Да ги направиме реформите во правосудството, да ги направиме реформите во образованието. Да го унапредиме уште повеќе здравството, да ја зајакнеме социјалната заштита. Можеме, напиша Заев во објавата со видео од средби и разговор со граѓаните во Охрид.
А. Н. С.