Од Паркот на Револуцијата во Прилеп, пред Могилата на непобедените, лидерот на СДСМ, порача:
– Да бидеме горди и сплотени бидејќи заедно ја остваривме тридецениската стратешка цел – нашата земја, Северна Македонија е членка на НАТО.
Тој истакна дека нема да се застане тука.
– Продолжуваме понатаму до полноправно членство во ЕУ. Преговорите со ЕУ ни носат ред, дисциплина, промена и стабилна иднина. На 15 јули ќе потврдиме дека придобивките од слободата која заеднички ја освоивме се силна причина никогаш повеќе да не дозволиме да се врати режим, порача Заев во видео спотот