Во Фејсбук групата „Ковид ѕид на срамот“ беше објавена слика од голем собир на граѓани поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино, на која се гледа дека никој од присутните не се придржува до превентивните мерки против ширење на коронавирусот.
На фотографијата од собирот се гледа банер со изборното мото на коалицијата предводена од опозициската ДПМНЕ и голема група граѓани кои не носат заштитни маски и не одржуваат потребно растојание.
По ова, еден од членовите на групата Ковид ѕид на срамот, објави и продолжение на „партиските активности“ со наслов „Кластер ВМРО, дел 2, дружба после митинг во Неготино. Резултати после 14 дена.“
А. Н. С.