На Фејсбук групата „Ковид ѕид на срамот“ од неодамна почнаа да се појавуваат слики од членови на групата кои „уловуваат“ непочитување на мерките.
Eден од членовите на групата објави слика од Неготино каде се гледа изборното мото на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, „Исправи се Македонијо“.
На фотографијата се гледа дека воопшто не се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, присутните воопшто не одржуваат потребно растојание, иако тоа е една од трите најважни препораки за превенција од ширење на вирусот.
Мицкоски и пред почетокот на кампањата, додека сѐ уште беа на сила строгите забрани, беше забележан како на Боемска улица во Скопје седи во затворен дел од ресторан.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неколкупати за само неколку дена од почетокот на кампањата беше забележан како најгрубо ги крши мерките за превенција, со што директно го загрозува здравјето на граѓаните.
Уште пред да биде договорен 15 јули како датум за одржување на предвремените парламентарни избори и со тоа официјално да започне кампањата, опозиционерот Мицкоски уште тогаш инсистираше на кампања на терен и контакт со гласачите, иако здравствените експерти советуваат таквите активности да бидат сведени на минимум.
А. Н. С.