Вчера по полноќ полицаец во Тетово бил затекнат како црта графити со политичка содржина на јавна површина, пишува „А1он“.
Кога полициска патрола при обиколка на градот го затекнала службеникот, графитот со знамето од Вергина и натписот ВМРО-ДПМНЕ веќе биле исцртани. Полицаецот го цртал графитот со повеќе од пет лица кои го придружувале.
Прашани од полициската патрола дали имаат дозвола за цртање на графити на јавна површина, кажале: „Ќе прашате во седиштето на партијата“. Полицаецот сам се легитимирал како колега на службениците кои патролирале, иако тие му побарале само лична карта.
Според „А1он“, полицаецот е вработен во гранична полиција.