„Сигурно сте ги виделе спотовите на ВМРО ДПМНЕ, но јас знам кој е креаторот. Тој носи последни одлуки. Во една прилика ми има кажано дека тој е оној кој пресекува, што значи има нешто автократско во генот на вмровците. Синоќа баш гледав и како да слушам приказни за добра ноќ. Па се запрашав дали Мицкоски ја знае приказната за бегалката од Будимпешта.“ – им се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на кумановци од трибината посветена на промоција на тандемот носители на изборната листа на коалицијата „Можеме“ во втората изборна единица, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.
Зборувајќи за Мицкоски, Заев истакна дека тоа е политичарот кој никогаш нема став за ништо. „Тој човек не знае да изгради став во однос на ништо.
Тој не изразил став во однос на ниту едно важно прашање за државата. Од кафана и теретана не се води политика, уште помалку држава. И ние нема да дозволиме државата да ја предадеме на такви арогантни политичари, нам ни треба власт која го слуша својот народ, која е посветена да работи за доброто на граѓаните.“- говореше Заев.