Ќе има минимална плата од 20.000 денари и просечна плата од 34. 000 денари. Работиме домаќински, не ги носиме парите на Белизе, не се фрлаат на жални врби и фасади од стиропор, напиша на Фејсбук носителот на ИЕ 3 на СДСМ, Љупчо Николовски.
Секое семејство денеска живее подобро. Минималната плата е поголема за 5.500 денари, просечната плата е поголема за 5.000 денари, социјалната помош од 3.000 ја качивме на 11.500 денари.
И тука не застануваме!
Денеска, пред Вас во Катланово се обврзуваме на нови цели, нудиме решенија за сите граѓани, решенија за подобра иднина.
Носиме нова македонска развојна економија, која ги штити работниците и носи повисоки плати и нови работни места.
Го зголемуваме и повратот на пари кај граѓаните од ДДВ, од 600 на 800 денари. Заедно со сите вас, ја спречуваме сивата економија.
На 15-ти јули одиме на нова победа, на нови успеси.
Затоа што знаеме како, затоа што заедно можеме! Уште повеќе и уште подобро, напиша Николовски на Фејсбук.
А. Н. С.