ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Повик од МОН за пријавување за даватели на обуки за дигитални вештини

Даватели на обуки за дигитални вештини можат да бидат правни лица кои се: регистрирани во Република Северна Македонија и се запишани на Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини која ја води Министерството за образование и наука.

June 29, 2020 15:30
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука согласно Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба, објави повик за изразување на интерес за запишување во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини.

Повикот се објавува согласно Уредбата со законска сила за издавање на ваучери на млади лица за обуки за дигитални вештини заради подобрување на нивната конкурентност на пазарот на трудот за време на вонредна состојба а во него се уредува кои правни лица можат да се јават како даватели на обуки за дигитални вештини согласно.

Даватели на обуки за дигитални вештини можат да бидат правни лица кои се: регистрирани во Република Северна Македонија и се запишани на Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини која ја води Министерството за образование и наука.

Давателите на обука може да достават дополнителна документација со која ќе ја потврдат соодветноста и квалитетот на обуката согласно потребите за дигитални вештини на пазарот на трудот, како на пример: програма за обуката и времетраење, листа на предавачите и нивни резимеа, веб адреса каде можат да се добијат повеќе информации за предложената обука, портфолио на давателот на обуки каде се гледа предложената обука, јазик на изведување на обуката, начин на изведување на обуката (тек на наставата, тестирање, сертификација и сл.), техничко-технолошки услови за спроведување на обуката.

Дигитални вештини за кои можат да се спроведат обуки се:

– управување со софтверски апликации и хардверски компоненти;

– напредно програмирање;

– употреба на дигитални технологии чија цел е управување со средства за електронска комуникација и пренос на информации и средства за електронска комуникација; и

– други поврзани вештини преку кои се овозможува употреба на информациско комуникациски технологии.

Начин на пријавување

Барање за упис во Листата на даватели на обуки за дигитални вештини и на обуки за дигитални вештини, правните лица го поднесуваат преку Порталот. Барањето го поднесува овластеното лице во правното лице преку својот кориснички профил на Националниот портал за електронски услуги на основно ниво на сигурност, согласно Правилникот за начинот на проверка на идентитетот на корисникот при поднесувањето на барањето по електронски пат со користење на единствената околина („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 244/19).

Барањето содржи податоци за барателот и за обуките кои барателот планира да ги обезбеди.

По евалуацијата, во рок од 10 дена од истекот на рокот за пријавување на правните лица, Дигиталниот форум врши упис на правните лица во Листата.

Известувањето за извршениот упис се испраќа на корисничкиот профил на Порталот на овластеното лице во правното лице преку кое е поднесено барањето за упис.

По доставата на ова известување, Министерството за образование и наука на правното лице му испраќа типски договор за регулирање на меѓусебните права и обврски кои произлегуваат од Уредбата. Договорот Министерството за образование и наука го доставува на електорнската адреса на правното лице. Реализација и исплата на ваучерите.

Ваучерите се реализираат (односно се евидентираат како искористени) во периодот помеѓу 15 август 2020 година и 15 декември 2020 година, на самиот почеток на обуката.

Министерстото за образование и наука ги исплаќа ваучерите на давателите на обуки за дигитални вештини согласно Уредбата. За да им бидат исплатени ваучерите, давателите на обуки потребно е да достават до Министерството:

– извештај за одржани обуки за стекнување со дигитални вештини

– фактура и

– доказ (диплома/сертификат/потврда) дека корисниците на ваучери успешно ја завршиле обуката за дигитални вештини.

– ако обуката е со траење подолго од 15 декември 2020 година, за да се исплатат средствата на давателот на обуки за дигитални вештини, давателот на обуки задигитални вештини до Министерството за образование и наука доставува извештај дека младото лице корисник на ваучерот успешно ја следи обуката

Исплатата се врши на следниот начин:

– почнувајќи од 5-ти во тековниот месец за фактурите доставени во текот на претходниот месец

– за искористените ваучери во период од 1 декември 2020 година до 15 декември 2020 година исплатата, фактурите треба да се достават до 18 декември и исплатата ќе се изврши до 25 декември 2020 година./МИА/

Next Post

За влез на државјани од трети земји Грција ќе се води според каталогот на ЕУ

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk