Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот профил на Фејбук сподели фотографии од гасификацијата на стариот котел за греење на мазут во гинеколошко-акушерската болница во Чаир, која секоја зима беше на мета на коментари заради тоа што со застерениот начин на греење ја загадуваше околината.
Проектот за смена на котлите неколку пати беше почнат и одложуван.
Од оваа зима, гинеколошко-акушерската болница Мајка Тереза во Чаир ќе се грее на гас, соопшти министерот Филипче.
Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза во Чаир почнавме гасификација на котелот за парно греење.
Со години наназад, стариот котел беше загадувач во градот Скопје. И во услови на пандемија со ковид-19 не застануваме за подобрување на условите во сите јавно-здравствени установи.
Нашата цел е подобра здравствена грижа за нашите граѓани, напиша министерот Филипче во објавата на својот профил на Фејсбук.
А. Н. С.