На својот профил на Фејсбук, како реакција на вчерашната изјава на министерката Шекеринска за високиот рејтинг на Заев, професорката Силјановска, со доста несвојствен речник за една кандидатка, прво за претседател, а сега за пратеник, го истакна своето мислење, користејќи фрази и зборови како „ЕМ НАЈШУТ, ЕМ НАЈРОГАТ“ мислејќи на Заев, потоа „СЕВЕРЊАЦИ“ мислејќи најверојатно на сите поддржувачи на политиките на СДСМ, и ултра познатата кованица меѓу тврдокорните бојкотирачи „СЕВЕРЏАНИ“.
Откако ја пропушти шансата да стане првата жена претседател кај нас, во овој изборен циклус, Силјановска како носител на пратеничка листа на ИЕ 1, веќе го привлече вниманието на јавноста, но не во добар контекст.
Кога од универзитетски професор ќе прочитате реторика „северњаци“, навистина ви станува јасно зошто УКИМ е на 900 и некое место од можни 1000. Критериумите на тие листи не се „колку пати универзитетски професор ќе избегне или негира прашање“, „колку пати ќе се избламира пред насобран народ“, „колку пати ќе излаже дека не знае за некои снимки и Груевски не е почесен претседател на ДПМНЕ“.
Во соочување со нејзиниот контра кандидат, Никола Димитров, таа јавно, во емисија во живо на телевизија негираше дека Груевски е сѐ уште почесен претседател на партијата која таа ја претставува.
Очигледно дека на ВМРО-ДПМНЕ исклучително им се допаѓа итрината на Давкова, па решиле да ја искористат во својата и без тоа празна и црна кампања.
Во изјава за медиумите во градскиот парк во Скопје, Силјановска беше запрашана за аудио снимките кои се актуелни во последно време, а на кои се слуша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во неколку контексти. Повторно, и на ова, професорката изјави дека не е инфомирана, дека не слушнала никакви снимки.
А. Н. С.