Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешната посета на Визбегово, заедно со претседателот на владата, Оливер Спасовски, извршија увид во градежните работи за нова канализациона и водоводна мрежа која како проект е од големо значење за стопанствениците во тој реон.
Индустриската зона Визбегово добива нова канализациона и водоводна мрежа, проект од огромно значење за стопанствениците во зоната. Со Премиерот и градоначалникот извршивме увид во изградбата каде интензивно се работи. Капиталните инвестиции продолжуваат со уште посилно темпо, напиша Сугарески во пост на Фејбук.
А. Н. С.