Претседателот на СДСМ и носител на листата за ИЕ 4, Зоран Заев, на својот Фејсбук профил објави за плановите во економијата, покачување на просечната плата за уште 5.000 денари, со што таа би изнесувала 20.000 денари и зголемениот поврат на ДДВ.
Ако народот има пари, ќе ја биде и државата. ??
Успеавме за 2 и пол години минималната плата да ја покачиме за 5.500 денари. До крајот на мандатот ќе ја покачиме уште за 5.500 и ќе биде 20.000 денари.
Просечната плата до крај на 2024 ќе стигне до 34.000 денари, напиша Заев на Фејсбук.