При денешната посета на Велес, генералниот секретар на СДСМ и носител на листата за пратеници во ИЕ 3, оствари средба со граѓаните и го побара нивниот глас како поддршка за досега сработеното, но и за идните успеси кои, како што вели Николовски, се за сите.
Драги пријатели,
Ја бараме вашата доверба за чист мандат и уште поголеми успеси. Имаме уште многу работа пред нас.
Тие успеси се за сите. Ќе ги жнееме плодовите сите граѓани, сите партии, сите ние.
Не го враќајте времето кога одевме згрбавени, не заборавајте што носи тоа време со себе – несигурност, страв, партизација на сè.
Доста извезувавме Македонци, време е да извезуваме македонски производи, а Македонците да останат дома! Заедно, #можеме! – напиша Николовски на Фејсбук по посетата на Велес.
А. Н. С.