ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитров: Добра вест од Брисел, ЕК го усвои предлогот на Преговарачката рамка. Да ни е со среќа!

Eвропската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес предлог Преговарачката рамка е во рацете на земјите членки, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

July 1, 2020 19:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имам денес добра, убава вест од Брисел. имаме еден важен исчекор што треба да го одбележиме – Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес документот е во рацете на земјите членки. Да ни е со среќа!, истакнува министерот за надворешни работи Никола Димитров во видео изјава.

-Европската комисија, врз основа на одлуката на Советот за општи работи од 25 март годинава, потврдена од страна на Европскиот совет ден подоцна 26 март, го усвои предлогот на Преговарачката рамка и од денес предлог Преговарачката рамка е во рацете на земјите членки. Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од страна на земјите членки, засновано на објективни критериуми и строга и позитивна и негативна условеност, како и реверзибилност, вели министерот.

Додава дека суштината на предложената Преговарачка рамка, за којашто, според последните информации веќе следната недела во Брисел ќе се разговара од страна на земјите членки на експертско работно ниво е европските стандарди да си ги донесеме дома. Пред се’ демократските принципи и вредности поврзани со владеењето на правото, како и економските реформи.

-Мислам дека има убава симболика што ЕК ја заврши својата задача врз основа на одлуката од март, токму на 1 јули, денот кога претседавањето со Советот на ЕУ го презема Берлин и јас сум убеден дека како што беше за нас историско Хрватското претседателство, така ќе биде и Германското претседателство и заедно со германската поддршка во следниве месеци ќе ја отвориме првата Меѓувладина конференција, истакнува Димитров.

Тој додава дека во тој момент, започнува конкретното одвивање на пристапниот процес преку завршување на скрининг процесот и отворање на првиот кластер наречен – Основни вредности кој ги третира клучните реформски области од Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност, Економските критериуми, Функционирањето на демократските институции, Реформата на јавната администрација, Поглавјето 5 – Јавни набавки, Поглавјето 18 – Статистика и Поглавјето 32 – Финансиска контрола.

Работата со Преговарачката рамка не е завршена, потенцира министерот за надворешни работи, меѓутоа, додава, денес имаме еден важен исчекор што треба да го одбележиме – ЕК го утврди предлогот и го достави на усвојување, прво на дебата па потоа на усвојување на земјите членки. Да ни е со среќа!/MИА/

Next Post

Умерен оптимизам кај научниците од Оксфорд за вакцината против Ковид-19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk