Нов аудио разговор повторно осамна на Јутјуб, каде се слуша разговор помеѓу Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, пренесе А1 он.
Во снимката се слуша како Мицкоски му се жали на Кичеец и вели дека тој е единствен што се бори, а истовремено, го тепаат и се вљубуваат во Заев бидејќи, според него, тој е добриот.
Мицкоски се жали од Мијалков и му потврдува на Кичеец дека се бори за да не помине законот со кој се регулира статусот на СЈО, а со тоа да прекине и предметот „Империја“ каде што се обвинети и Сашо Мијалков и Орце Камчев.
„Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци… Сега он пишуваше писма, по фејсбуци, ме плукаше… правеше театар за јавноста претходни две недели, испрдоци од типот на Геровски и слични… сега јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски и неговиот најголем предмет, тој „Империја“, вели Христијан Мицкоски.
Д. Е.