НОВ аудио разговор повторно осамна на Јутјуб, каде се слуша разговор помеѓу Христијан Мицкоски, осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска, пренесе А1 он.
НОВИОТ Закон за јавно обвинителство од вчера стапи на сила, со што и официјално згасна Специјалното јавно обвинителство.
ФРОСИНА Ременски која е третобовинетата во случајот за „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески поднесе барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска од овој случај за кој денеска почнува судењето.
ВРАЌАЊЕТО на истанбулската „Аја Софија“ во џамија ќе предизвика раздор, изјави денеска вселенскиот патријарх Вартоломеј, во очекување турски суд да донесе одлука за зградата, која е музеј од 1934 година.
АПЛИКАЦИЈАТА „Мој ДВВ“ ја користат 304.912 граѓани, а досега се скенирани 143.788.631 фискална сметка. Вкупно вратениот поврат од ДДВ за трите квартали досега е 671.270.576 денари или 10.914.968 евра, објави денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
ПЕТРОВДЕН – празникот на Кочани, без масовни собирања и настани.
ИГРОТЕКИТЕ бараат дозвола од државата да почнат со работа под посебни протоколи.
ЛИЦАТА со Ковид-19, во самоизолација, болни, немоќни и хронично болните можат да се пријавуваат за гласања за избори.
АНГЕЛОВСКА: МојДДВ #MојаНаграда се адаптира на COVID-19 состојбата.
МЗ: Вакцините што се користат во земјава се од реномирани производители и одобрени од СЗО.
ФРОНТ: Заев продолжува „службено“ да ги добива дуелите со Мицкоски – пишува Сашо Орданоски.
ЗДРУЖЕНИЈАТА на граѓани ги повикуваат политичките партии кои учествуваат во парламентарните избори да ја поддржат декларацијата за приоритетно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација од страна на идниот парламентарен состав.
ГРЦИЈА отворена за туристи, но не и за граѓаните од Македонија.
АМЕРИКАНСКАТА администрација на претседателот Доналд Трамп го купила речиси целото количество на лекот „Ремдесивир“ во светот во следните три месеци.
СОЛСКЈЕР објасни зошто Бруно Фернандеш е толку вреден.