Од 800 000 работни места во државата Мицкоски избрал да му биде асистент на татко му, не дај боже да им ја оставиме државата на ваквите. Тој нема ништо ни од економија, ни од енергетика… Душата ни излезе за да најдеме 80 пратеници за Преспанскиот договор, за Законот за јавно обвинителство. А сега гледаме и слушаме што било во позадина, за пусти пари, да ги заштити предметите и да нема одговорност. И сега тој зборува за правна држава. Или Милошоски, уништувал цели животи и сега тој е на листа.“- ги коментираше Заев постапките на ВМРО ДПМНЕ која го опструираше Законот за Јавно обвинителство со цел да се спасат нејзините функционери и соработници од кривичен прогон.
Тој се обрати на предизборната трибина на СДСМ во Струга каде беа преставени носителите за петтата изборна единица, Радмила Шеќеинска и Јован Митрески.
„Сите знаеме дека можеме повеќе и можеме подобро, тоа е нашиот пат, друг пат немаме. Јас сум свесен дека не сме ги исполниле сите очекувања, ние сме власт која знае да се повлече и да се корегира. Денес имаме слобода, слобода на говор, имаме демократија. Се изборивме сите заедно. Не сме светци, не сме сјајни, но тоа не е причина да останете дома на денот на изборите. Ако не излезете му оставате простор на режимот. Наша е одговорноста каде ќе ја однесеме државата. Затоа не е тешка дилемата на овие избори.“- дополни Заев.
Тој смета дека сега, со чист мандат, со исполнети стратешки цели, НАТО и ЕУ; многу полесно државата ќе може да напредува.
„Сега знам како да одржувам економски лекции, не на ВМРО ДПМНЕ, тие одат во минатото, туку за нас, за граѓаните и за пред светот, за пак да ни се поклонат дека знаеме да работиме. Децата да ја најдат Европа тука, а не надвор.“- рече Заев.