ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Жбогар: Не очекувам изненадувања во содржината на документот за преговарачката рамка

Што се однесува на прашањето околу македонскиот јазик, евроамбасадорот истакна дека самиот документ изготвен од Европската комисија, предвидува содржината да биде преведена на македонски јазик.

July 2, 2020 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преговарачката рамка за пристапување кон ЕУ сѐ уште не е јавен документ. Тој ќе биде објавен откако ќе биде прифатен од земјите-членки на Унијата. Ова е нацрт-верзија на документот изработена од Еврокомисијата, истакна Жбогар.

Тој ќе биде сличен на документите за преговарачката рамка што беа изготвени за почетокот на проговорите како за Србија или за Црна Гора, и мислам дека во него нема да има никакви изненадувања, освен тоа што ќе содржи нови елементи согласно новата методологија. Тоа денеска од Охрид го истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој беше во работна посета на охридската локална самоуправа.

Одговарајќи на прашања на новинарите Жбогар појасни дека документот ќе ги содржи принципите на преговорите, целата суштина на преговорите и ќе го определи целиот претпристапен процес.

– Останува на германското претседавање со ЕУ и на државните-членки да го разгледаат документот, евентуално да ја усвојат преговарачката рамка. Веднаш штом биде усвоен истиот ќе биде објавен, следува да седнеме на маса и формално да ги отпочнеме пристапните преговори за членство на земјата, рече Жбогар.

Што се однесува на прашањето околу македонскиот јазик, евроамбасадорот истакна дека самиот документ изготвен од Европската комисија, предвидува содржината да биде преведена на македонски јазик.

– Но, сето тоа е предмет на дискусија на членките, така што се уште не можам да кажам се додека не се продискутира од нивна страна. Нивна ќе биде одлуката каква ќе биде финалната верзија на документот. Секоја евентуална промена на нацрт-документот мора да биде одобрена од самите држави-членки, рече евроамбасадорот.

Жбогар беше во Охрид за да ја изрази поддршката на Европската Унија на активностите што ги спроведува Општината за заштита на крајбрежјето од дивоградби и на принципот на владеење на правото./МИА/

Next Post

Фејсбук страницата „Налет да се сторите“ со говор на омраза и закани по животот на Зиадин Села

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk