Носителот ИЕ 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес беше пречекан во Делчево со транспарент на кој беше напишано „НЕ за насилството врз жените! Не за Игор Јанушев!“
Ова доаѓа како реакција на аудио снимка која излезе утринава на Јутуб, од разговор меѓу Јанушев и Миле Јанакиески, каде зборејќи за сопартијка по име Даниела, Јанушев вели „Шефе од таа му е преку к** више, ако ја видам… ќе ѝ дадам еден бокс у фаца.“
А. Н. С.