ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Од денеска почнува исплатата за социјална и детска заштита за месец јуни

July 3, 2020 13:13
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник, 6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките. Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

–   6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

–   7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

–   8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 Корисниците кои имаат дебитна картичка  поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, петок, 3 јули.

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Не помина во Собранието предлог законот за една изборна единица со отворени листи предложен од Зајкова

June 12, 2025

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

June 12, 2025
Петрит Сарачини

„Новото мизерно“ и „новото (не)нормално“

June 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО снимки од авионот на Ер Индија што се урна со повеќе од 240 патници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради пожарот во Вардариште без струја 47.000 корисници во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk