ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тотална конфузија во Левица, дволични околу „двојазичноста“, или спомен за идеалите што ги изгубија

July 3, 2020 17:37
in ESPRESSO, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Еден од членовите на Централниот комитет на Левица и кандидат за пратеник во Изборна еднициа 3, во рамките на изборната кампања и презентацијата на програмата, изјави дека неговата партија, доколку дојде на власт, ќе ги поништи Преспанскиот Договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Охридскиот рамковен договор и ќе ја укине двојазичноста. Во контраспинот што го анализира и Вистиномер се опфатени сите гореспомнати договори. и како тоа Левица млати само празна предизборна реторика и со своите спинови ја замајува јавноста.

Она што навистина останува нејасно, е дезориентацијата во настапите и во она што пишуваат во програмата.

Од една страна на сиот глас велат ќе ја поништеле двојазичноста во државата, очигледно мислејќи на Законот за употреба на јазиците, а од друга страна на својата официјална Фејсбук страница, партијата се именува и на албански јазик.

Снимка од екран на двојазичната Официјална Фејсбук страна од Левица

Дури и програмата од Левица објавена на нивната веб страна е на македонски и на албански јазик. И тука нема навистина ништо лошо, нели, да се претстави една партија на двата јазици кои ги зборува најголемиот дел од граѓаните, ами напротив е за поздравување, но дволичност на левица околу двојазичноста – од една страна да се против употреба на друг јазик, а од друга страна на другиот јазик да си го имаш пишано името на партијата, е политичка утка, интелектуална, партиска и етничко-етичка тотална конфузија.

Кај граѓаните ваквото однесување на Левица создава голема заблуда. Исто така тотална конфузија оставаат и однесувањето и настапите во медиумите поготово на нивниот лидер Апасиев, кој од една страна се претставува како левичар, а од друга страна застапува тврди националистички ставови карактеристични за тврдокорен радикал десничар.

Апасиев никогаш не бил левичар, тие од Левица што се бореа против режимот на Груевски повеќе не се дел од овој изрод од партија. Левица сега нема никаква допирна точка со идеалот кој го претставуваа младите луѓе што ја оформија во жарот на протестите. Сега, левото е заменето со десно, “работникот” со “народот”, активизмот е заменет со хонорарите, а од нивната мултиетничност остана само албанскиот превод на името на партијата во називот на нивната фб страна – како тажен спомен за идеалите кои требаше да ги претставуваат, пишува Павле Богоевски во неговата денешна колумна.

– Кога се толку силни патриоти против „двојазичноста“, што не напишале на јазиците на сите националности што живеат во Македонија, туку само на македонски и албански јазик. Срамота и гревота за името што го валка ваква политичка партија со ваква идеологија!, е еден од коментарите што можат да се сретнат на социјалните мрежи во врска со оваа конфузија.

Ова однесување на Апасиев според многумина наликува на она од Груевски и компанија, каде тие од една страна инцидентно се обидуваа да им се додворат на албанската публика правеќе театар за народ – читајќи честитки на албански јазик, одеа на ифтар, во џамија… а од друга страна им се закануваа со ноќта на долгите ножеви, ги нарекуваа племе и што ли не сè од богатиот им „патриотски“ репертоар.

Нема веќе никаква дилема во јавноста дека глас за оваа сега Левица е глас на контото на Мицкоски и ДПМНЕ, зашто во нивните ставови и активности, како што може да се види и од кампањата, ама баш ни еднаш не си противречат, аба баш во ништо не се разликуваат, туку складно се надополнуваат

Штета што Апасиев испогани една така добра идеја која можеше да биде баш алтернатива, а не вмровски нус производ, ситнеж (се воздржав да не го употребам вокабуларот од Мицкоски од една од бомбите), што ќе послужи за изборно поткусурување, ако му се даде каква и да е шанса.

Next Post

За половина час дожд, Чаир стана место за риболов

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk