ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА КРИМИНАЛ

Фрлен „Молотов коктел“ врз домот на командирот на Полициската станица – Прилеп

Стакленото шише со запаллива течност било фрлено на вториот кат од куќата. Шишето се одбило од стаклото од надворешната врата и паднало во тревникот во дворот на куќата, по што избувнал оган.

July 5, 2020 11:18
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Ноќеска во 3.20 минути, врз семејната куќа на командирот на Полициската станица – Одделение за внатрешни работи Прилеп, Кире Спиркоски, на улица „Киро Крстески-Платник“ бр.37, непознати сторители фрлиле „молотов коктел“, стои во текст на ПубликУм.

Стакленото шише со запаллива течност било фрлено на вториот кат од куќата. Шишето се одбило од стаклото од надворешната врата и паднало во тревникот во дворот на куќата, по што избувнал оган.

Огнот прв го видел синот на Спиркоски, кој во тој момент се наоѓал во својата соба кон која било фрлено шишето со запалливата течност. Ги разбудил своите родители кои истрчале во дворот и заедно со соседите кои веднаш дошле да помогнат, го изгаснале огнот.

Спиркоски вели дека среќа во несреќа е што не се скршило ниту шишето со „молотовиот коктел“, ниту пак стаклото од ПВЦ дограмата. Доколку тоа се случело, би избил пожар на вториот кат од куќата, што би довело до катастрофални последици.

На местото на настанот излегла екипа на крим техника, која подигнала материјали и ги дала на понатамошно вештачење, се вели во текстот на порталот Публикум.

Next Post

Статуа на Колумбо турната и фрлена во океанот (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk