Американскиот рапер Канје Вест синоќа на Твитер објави дека ќе се кандидира на ноемвриските претседателски избори во САД.
Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка со верување во Господ, обединување за нашата визија и изградба на нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на САД, напиша Вест на Твитер.
We must now realize the promise of America by trusting God, unifying our vision and building our future. I am running for president of the United States ??! #2020VISION
— ye (@kanyewest) July 5, 2020
Сѐ уште не е познато дали Вест, силен поддржувач на политиката на актуелниот претседател Доналд Трамп, навистина има намера да се кандидира на четири месеци пред изборите, закажани за 3 ноември, и дали и официјално ја поднел кандидатурата.
Во голем број сојузни држави сѐ уште не е завршен крајниот рок за додавање на независните кандидати на гласачкото ливче.
Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници.
Главниот извршен директор на Тесла, Илон Маск, е еден од многуте што го поддржаа Вест.
You have my full support!
— Elon Musk (@elonmusk) July 5, 2020
„Ја имаш мојата целосна поддршка“, напиша Маск./МИА/