Комплетно реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ – Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, се пуштија во употреба кон крајот на 2018 година. Направена е комплетна реконструкција на операциските сали по сите светски стандарди. Заменети и надградени се сите постојни инсталации. Има нова климатизација и вентилација на салите со комплетна регулација на воздухот. Вградени се нови оперативни столови и нови светла над нив. Исто така, набавена е и нова надстандардна и софистицирана медицинска опрема, соопшти Министерството за здравство.
„Од 2018 година ги пуштивме во употреба реновираните хируршки сали на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ. Направивме комплетна реконструкција на операционите сали по сите светски стандарди.
Пациентите сега имаат врвна медицинска услуга. Го подигнавме здравствениот систем на едно повисоко ниво. Ги подобривме условите во над 30 јавно-здравствени установи, а во моментов се подобруваат условите и во други клиники и болници. Ги стававме пациентите и вработените во јавното здравство на прво место.“, потенцира Филипче