ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Островите на слободата

Кога плиткоста и сјајот на функциите и парите стануваат врвна „доблест“, а човечноста е како лимена кутија со целулоиден црно-бел филм во зафрлена филмска архива, тие што го слушнале повикот на човековите права во себе се последната брана на човекот.

July 6, 2020 11:24
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ова е тешко и чудно доба кога поимањето за човечкото и човечноста се трансформира со неподнослива леснотија, а непосредното минато се чини безначајно и далечно, како да не ни се случило нам. Погубна е рамнодушноста и леснотијата со кои се напушта јадрото на тоа што нѐ прави разумни битија што градат, негуваат и бранат вредности. Моралот е како последната жолта пара во испотените раце на коцкарот кој ја става на зелената чоја што смрди на порок и губитоци, со трескавична и неугаслива жед да се стекне со лесни и брзи пари.

Човековите права и слободи не се светкава одора што се носи на свечености и банкети, вредностите на човекот не се апарат на бензинска во кој се ставаат жетони за да се добие кафе во картонска чаша која потоа се фрла. Тоа не се поими за во крстозбор. Со нив и за нив се живее, се бори и се гине (вистински). Тоа е повик, лична мисија што не може никој да ја наметне однадвор, како да е команда, работен налог или униформа. Тоа е внатрешна потреба, убедување поцврсто од сите оклопи на светот, постојано тивко соочување со самиот себеси, далеку од урокливиот поглед на светот.

Кога плиткоста и сјајот на функциите и парите стануваат врвна „доблест“, а човечноста е како лимена кутија со целулоиден црно-бел филм во зафрлена филмска архива, тие што го слушнале повикот на човековите права во себе се последната брана на човекот.

Нека звучи патетично, но само малку подлабок поглед ќе ни открие дека не се потребни академии, телевизии, масовни собири или скапи политички кампањи за да прогласиме херои на слободата, правдата и еднаквоста. Тоа може да биде секој од нас. Тоа, впрочем, е и единствениот начин – тивката внатрешна одлука да се прифатат човечките вредности и да се бранат човековите права по секоја цена, во секое време и на секое место, со самопрегор и докрај. Сѐ друго е реклама. Сѐ друго е бескрајно и безлично пространство загадено од суети и алчност.

Го гледам она огромно политичко мочуриште во кое виреат лигави мутанти кои крадат мисли и идеи, а потоа самите тврдат дека другите живеат во мочуриште. Ги гледам како самите се китат со медали и тврдат дека се чесни и доблесни. Ги гледам нивните остри канџи, но и нивниот паничен страв дека нивното мочуриште ќе пресуши, ако не успеат да го отрујат општеството со своите отровни излачувања.

Но затоа постојат островите на слободата каде што секојдневно се изработува муницијата за беспоштедната битка за човекови права и слободи. Тоа се домовите на борците во битката за одбрана на човечкото и човечноста, со широко отворени врати за сите што ја имаат истата мисија.

Да, на „Слободен печат“ мислам. Тој што ги издржа и знам дека ќе ги издржи сите обиди да се потопи во отровното мочуриште на разбојниците и кој денеска се отпечати по двеилјадити пат. 2000! Честито на сите хероини и херои! Истовремено, мислам и на домот на човековите права и слободи што заедно со моите другарки и другари го градиме 20 години и кој го нарековме едноставно: Цивил. И чии идеи и дела не можат да се замислат без постоењето на островите каков што е „Слободен печат“. Заедно сме во оваа битка и заедно ќе останеме.

Чест и привилегија е да се биде автор на страниците на овој весник. Чест и привилегија е секојдневно, под прстите да се чувствува магичното шуштење на хартијата, што за слободољубивите е насмеан потсетник на слободата, а за други заглушувачки татнеж на тоа што ги чека атентаторите на човечноста.

 


Сите права се задржани. 
Next Post

Почнаа археолошките истражувања во Стоби

Shortcut

Најново

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026
Фото: Скирншот, АП

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026
Илустрација: Banking Stock photos by Vecteezy 

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026
Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk