Сите заинтересирани поединци и организации од областа на културата кои сакаат да се претстават пред тетовската публика имаат можност да поднесат барање до Националната Установа „Уметничка Галерија Тетово“ каде во текот на 2021 година би можело да се организира изложба или слично претставување. Повикот на Галеријата е отворен од утре 8 до 22 јули 2020 година.
– Ги покануваме сите професионални уметници од визуелната уметност, граѓански здруженија, локални институции кои се заинитересирани за реализација на проекти од областа на културата и уметноста за 2020 година да конкурираат од 8 до 22 јули. Сите заинтересирани треба да достават соодветни материјали кои се предмет на изложбата, информираат од Уметничката Галерија Тетово.
Во прилог на барањето заинтересираните треба да достават и CV, каталог, ЦД со фотографии на уметничките дела кои ќе се изложат. Материјалите треба да се донесат секој работен ден од 10 до 14 часот во канцелариите на институцијата, односно до кураторот Беса Даути.