По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“, Општина Охрид и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ што го носи името на познатиот охридски писател и раскажувач Живко Чинго.
Според пропозициите, право на учество на конкурсот има секој полнолетен граѓанин на земјава. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: „ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ“. Авторското право се докажува со четвртиот примерок.
Конкурсот за најдобар расказ ќе трае до 31 јули, жири-комисијата одлуката ќе ја соопшти најдоцна до 7 август, а наградата на добитникот ќе му биде врачена на 13 август на традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ што се одржува во селото Велгошти – родното место на Чинго.
Наградата е една и парична, во висина од 30 илјади денари.