ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски – Холштајн: Германија останува доверлив партнер на С.Македонија

July 8, 2020 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија беше и ќе остане доверлив партнер Северна Македонија и ќе продолжи да ја поддржува со сите расположливи сили, истакна новата германска амбасадорка во Скопје, Анке Гизелa Холштајн на денешното предавање на акредитивните писма на претседателот Стево Пендаровски во вила „Водно“.

Амбасадорката Холштајн, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, оцени дека Северна Македонија во изминатите години спроведе важни чекори на патот на евроатлантските интеграции.

– Приемот во НАТО како 30-та членка, важните договори со соседните земји Грција и Бугарија и најпосле зеленото светло за започнување на пристапните преговори со Европската Унија кое одамна требаше да го добиете, се успеси за кои си дозволувам да Ви честитам од сѐ срце. Германија за тоа време Ви беше доверлив партнер, кој Ве поддржуваше со сите расположливи сили. Дозволете да Ве уверам дека така и ќе остане. Можете да сметате на тоа, дека сѐ, за што можам да придонесам како германска амбасадорка лично, и ќе го сторам, нагласи амбасадорката Холштајн.

Претседателот Пендаровски, посакувајќи добредојде на новата германска амбасадорка, на церемонијата на предавање на акредитивните писма оцени дека Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија во континуитет градат пријателски и партнерски односи, посочувајќи на интензивниот политички дијалог меѓу двете држави и истакнувајќи го фактот дека Германија е најважен економски и трговски партнер на Северна Македонија, со трговска размена преку четири милијарди евра на годишно ниво.

Пендаровски оцени дека вклучувањето на прашањето за проширувањето во приоритетите на германското претседавање со Европската Унија во втората половина на 2020 година е јасна порака за нашата држава, но и недвосмислен стимул за понатамошно спроведување на неопходните суштински реформи во сите сфери од општественото живеење, а особено во изградбата на правната држава и во борбата со организираниот криминал и со високата корупција.

– Свесни сме дека пред вашето претседавање со Советот на Европската Унија се исправа најголемиот економски предизвик во историјата на ЕУ, поврзан со заздравување на земјите погодени од коронавирусот. Но, истовремено сме сведоци дека пандемијата уште повеќе ги засили европските чувства на солидарност, единство и одговорност кон Западен Балкан. Во тие рамки, нашите очекувања се до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција со што ќе се означи и официјалниот почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, рече Пендаровски на церемонијата.

Претседателот се заблагодарил за севкупната германска помош за нашата држава во справувањето со пандемијата од КОВИД-19.

Next Post

Годинешното издание на „Skopje Unplugged“ на 17 јули во винаријата Камник

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk