ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Разрешениот судија Владимир Панчевски шири лаги и дезинформации за СДСМ и ДУИ

July 8, 2020 17:02
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Разрешениот судија Владимир Панчевски во овој предизборен период споделува содржини со говор на омраза и пласира лажни вести на социјалните мрежи Твитер и Фејсбук во корист на ВМРО ДПМНЕ. Панчевски  во декември 2019 година беше разрешен од својата функција претседател на Основниот суд Скопје 1 поради манипулации со распределбата на предмети во судот.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа дека на неговиот Твитер профил, освен дезинформации и говор на омраза коишто тој ги пласира, често споделува и објави од профили – партиски ботови на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Панчевски пред три дена на Фејсбук и Твитер објави монтирано видео со наслов „КРУЈЕМИНИСТРИ ШИПТАР“, и пишува дека спотот е изработен од СДСМ, и дека тие го подржуваат предлогот на ДУИ за премиер Албанец. Во коментарите, може да се забележи поддршка кон изјавата на Панчевски во која пишува: „Дали Македонците повторно ќе бидат измамени и доведени во состојба на потчинетост во сопствената држава, дали оваа фашистичка коалиција која досега ги силуваше трпението и војлата на македонскиот народ, најавува нова изборна измама?“, пишува Панчевски.

Оваа лажна вест од Фејсбук профилот на Панчевски ја споделиле 16 профили, има десетина коментири и над стотина реакции. Помеѓу тие што ја споделиле објавата на Панчевски е и Фејсбук страницата „Македонски Патриоти Macedonian Patriots“ додавајќи коментар за плашење на граѓаните дека „доколку СДСМ дојде на власт до 2022 ќе нема и држава“.

И на професорката Тања Каракамишева и се допадна објавата на Панчевски на Твитер.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ меѓу другите објави на Панчевски, забележа и говор на омраза кон ЦИВИЛ. Тој на својот Фејсбук профил објави видео од иницијативата „Гласај“ на ЦИВИЛ, со коментар: „Ова е Перо (Арсовски), на Џабир другарче од Цивил од кампањата „гласај“, ова десно е што мислат луѓето за Перо“!

Истата објава еден час подоцна се појавува и на Фејсбук профилот на Миленко Неделковски. На објавата има десетици коментари, со говор на омраза кон Перо Арсовски.

 

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да се ангажираат максимално во спречувањето на ширење на говор на омраза, и да ги санкционира соодветно. Говорот на омраза во едно цивилизирано општество никако не треба да биде дозволено, и треба да се искорени. Исто така лажните вести и дезинформации не носат никому добро, напротив, тие се за една употреба и служат само за дезинформирање на граѓаните. Граѓаните имаат право на точни информации, а не на шпекулации и дезинформации…

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СДСМ во кампања за светла иднина, ВМРО ДПМНЕ со полна уста омраза

НАЈНОВО

Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025

По предлог на Васев пациентка на Онкологија примала експериментална терапија – ново сведочење на судењето за случајот „Онкологија“

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk