ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

СДСМ во кампања за светла иднина, ВМРО ДПМНЕ со полна уста омраза

ВМРО ДПМНЕ знае дека пласира искривени тези и дека тоа што го зборува е далеку од реалноста, но кога партијата се соочува со безидејност, без решенија и со оскудна програма, тогаш очекувано е дека подобро би им било да зборуваат и да ги напаѓаат другите, отколку да зборуваат за себе и за нивните проекции. Кампањата на СДСМ е заснована на неколку области во кои нудат решенија.

July 8, 2020 17:12
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Предизборната кампања финишира, уште само пет дена остануваат до изборниот молк, а потоа на 15 јули следуваат избори. Што можеа граѓаните да слушнат во изминатите две седмици за да го донесат својот став за кого ќе гласаат.

Ако гласачите ги следат јавните настапи на лидерите на партиите и носителите на изборните листи во шесте едници, и ако одлуката ја носат врз основа на тоа, тогаш нивниот избор би бил лесен. Од една страна СДСМ промовира решенија во политиката, економијата, судството, образованието, здравството, социјалата… од друга, ВМРО ДПМНЕ не зборува за проекти, програма и планови за подобар живот, туку е фокусирана што повеќе да го оцрни политичкиот противник, да ги минимизира неговите успеси и да ја манипулира јавноста дека СДСМ се национални предавници.

ВМРО ДПМНЕ знае дека пласира искривени тези и дека тоа што го зборува е далеку од реалноста, но кога партијата се соочува со безидејност, без решенија и со оскудна програма, тогаш очекувано е дека подобро би им било да зборуваат и да ги напаѓаат другите, отколку да зборуваат за себе и за нивните проекции. Кампањата на СДСМ е заснована на неколку области во кои нудат решенија. На меѓународен план, по успехот за НАТО, се најавува отворање на поглавјата за преговори со Европската Унија.

Решението на СДСМ е да создаде европска, демократска и призната држава. А тоа се прави само ако постојат добри релации, прво со соседите, а потоа и со силните европски држави. СДСМ ги надмина сите конфронтации со Грција и со Бугарија, сега овие два соседа ни се сојузници во интегративните процеси. Тоа ни го отвори патот кон Брисел, но во меѓувреме стекнавме големи пријатели во ЕУ, па затоа СДСМ може да се пофали дека го има решението за иднината.

На домашен план Зоран Заев најавува повторно зголемување на платите на здравствените работници, зголемување на пензиите, на минималната плата, на просечната плата, тоа се цел сет решенија за поквалитетен стандард на граѓаните. Поголеми плати ќе има и во образованието, но и во другите сектори од јавната администрација. Понатаму, се најавуваат нови 100.000 работни места, како досегашните 65 000 што ги отвори СДСМ во скратениот мандат. Заев нуди решенија и за меѓуетничките односи преку концептот Едно општество за сите, кој веќе се реализира и наидува на одобрување од сите етнички заедници, а тоа го потврди и коалицијата „Можеме“ која привлече партии од сите етнички групи. Со еден збор, решенијата на СДСМ се остварливи затоа што тие и до сега покажаа дека може.

Дури нудат и решение за независно судство и обвинителство. Откако ги донесоа сите законски решенија, сега на ред е судовите да испорачаат правда. За разлика од нив, ВМРО ДПМНЕ во програмата има напишано ветувања кои веќе се исполнети од СДСМ. Мицкоски не може да зборува за НАТО и ЕУ затоа што тоа го заврши некој друг. Не може да зборува за независно судство затоа што нарачуваа пресуди, ниту пак за корупција затоа што 12 години нивното функционирање се потпираше на црни пари. За економија уште помалку, оти неговиот претходник Груевски запусти се.

Оттаму, оваа партија не може да зборува за решенија на проблемите затоа што таа е генератор на проблеми. Затоа на Мицкоски не му остана ништо освен да плука кон противниците, да сее омраза и да манипулира дека СДСМ е злото за државата. Но, со таков вокабулар и таква кампања не му се пишува добро на изборите.

Д. Е. 

Next Post

ЕК за протестите во Србија: Право на мирен протест, но и обезбедување јавен ред

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk