ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВИДЕО) Закажан нов протест за попладне, полицијата доцна синоќа ги растера демонстрантите од центарот на Белград

Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивилки

July 8, 2020 08:48
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата во Белград успеа да ги растера утрово демонстрантите кои од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека повторно може да биде воведен полициски час поради порастот на бројот на заразени од новиот коронавирус. Во интервенцијата полицијата користеше специјални сили за разбивање демонстрации, полицајци на коњи, во оклопни возила и голем број лица во цивилки. За попладнево е закажан нов протест.


Протестот почна со само неколку стотици учесници, и подоцна се собраа илјадници. Дел од демонстрантите влегоа во зградата на Собранието, се случија инциденти и судири со полицијата.

Демонстрантите фрлаа со јајца, камења, пластични шишиња и факели кон полицијата, десетици контејнери беа запалени, а според првите извештаи има и повредени од двете страни.

Откако полицијата доби засилување, ги растера демонстрантите со солзавец пред Собранието, а полициската коњаница и единицата со кучиња беа изнесени на улиците.

Локалните теллевизии во живо на емитуваа од напади врз полицијата, но и бруталност на полицијата во цивилна облека и апсењето и тепањето демонстранти.
Најмалку две полициски возила беа запалени. Откако доби засилување, полицијата ги потисна  демонстрантите од платото пред српскиот Парламент кон околните улици во околу два часот по полноќ.

Протестот почна пред 21 часот кога се собраа неколку стотици демонстранти, на кои им се придружија неколку илјади по повикот на социјалните мрежи, а група демонстранти ја пробија вратата и влегоа во зградата на Парламент.

Пратеникот во српскиот Парламент, Ѓорѓе Вукадиновиќ, рече дека „таква, непотребна, бруталност на полицијата и толку многу солзавец не е регистрирано од 5 октомври 2000 година“ кога режимот на Слободан Милошевиќ беше соборен со протести.

Полицијата доби дополнително засилување околу два часот по полноќ со што успеа да ги растера демонстрантите. Директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, рече утрово дека полицијата ја „контролира ситуацијата“ пред српскиот Парламент.

За првпат во Белград од почетокот на мај ќе биде воведен полициски час, најави Вучиќ. Тој истакна дека „сите болници во (српскиот главен град) се речиси полни. Особено во Белград ситуацијата е критична, бројките (таму) се многу лоши“.

Во Србија вчера беа пријавени 13 смртни случаи од новиот коронавирус – најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. Новите заразени се 299 – просекот минатата недела беше  меѓу 250 и 350.

Вкупниот број на потврдени заразени во Србија е 16.719. Од нив 330 починале.

Активните случаи во земјата вчера беа малку под 3.000. Во критична состојба се110 пациенти.

Забраната за собирање на повеќе од пет лица, во затворен простор и на отворено, стапува на сила денеска во Белград, а полицискиот час од петок до понеделник.

Поради влошената епидемиолошка состојба во Србија, повеќето земји во регионот, вклучувајќи ја и омилената туристичка дестинација на Србите, Грција, им забранија на српските граѓани да влезат на своја територија.

Next Post

Утрински преглед на вести: Благ пад на новозаразени со Ковид-19, рекордни 60.000 заразени за 24 часа во САД, немири во Србија...

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk