Идејата за премиер Албанец не е шега и ќе ја материјализираме, затоа што тоа е легитимно право, рече денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети на предизобрниот собри на „Плоштад Македонија“ во Скопје, пренесува МИА.
„Жалам зошто моите колеги Македонци се однесуваат со ваква паника, зошто не излегуваат на дебата, зошто не се соочуваат со Насер Зибери. Со Насер Зибери не се соочуваат заради тоа што им фали знаењето на Насер Зибери. Насер Зибери на соочување оди на природен начин, не со тендеција. Тој оди да ги брани интересите. Од овде барам од младите Албанци, од мисионерите Албанците на 15 јули да ми го дадат мечот и ќе видите како ќе ги ставам во функција моите раце“, рече Ахмети.
Во својот говор пред присутните Ахмети вечерва, истакна дека досега не изгубил ниту една борба затоа што мечот му го давале војниците, патриотите и мисионерите.