Докторот Иван Барбов, директор на Клиниката за неврологија е позитивен на тестот за коронавирус, и се наоѓа во домашна изолација.
Информацијата ја потврди на неговиот Фејсбук профил каде што напиша дека се тестирал откао имал контакт со позитивно лице на коронавирусот.
„Денес го добив резултатот за САРС-КоВ-2 кој е позитивен. Вчера се тестирав заради контакт со позитивна особа.
Немам никакви симптоми и од вчера сум во домашна самоизолација.
Во изминативе 4 месеци секојдневно бев на работа, не се поштедив со ротации. Се со цел подобро да ја организирам работата на клиниката и да бидам достапен за сите пациенти.
Постојано носев маска на работа и надвор во затворени простории.
Почитувајте ги препораките и чувајте се.“ напиша Барбов на Фејсбук