ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Полигонот за вежби „Криволак“ е еден од нашите ресурси коишто можеме да ги понудиме на НАТО

July 9, 2020 15:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска ги посети припадниците на Армијата на армискиот полигон „Криволак“ и изврши обиколка на инженерската единица која изведува работи во рамки на проектот за уредување на полигонот.

– Одговорните команданти го информираа претседателот Пендаровски дека почнувајќи од пред два месеци, инженерскиот баталјон заедно со канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД, реализираат проекти за поправка на постојната патна инфраструктура, како и за обележување и пробивање на траси за нови патни правци, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Исто така, одговорните на полигонот го информираа претседателот Пендаровски за тековните, како и за идните планирани активности во насока на инфраструктурно подобрување на „Криволак“ со систем обиколница и внатрешно поврзување со вкупна должина од околу 74 километри со подготовка за воспоставување на влезови на полигонот од север, запад и од исток. Со новата инфраструктура, како што истакнаа претставниците на инженерскиот баталјон, ќе се зголеми мобилноста во рамки на полигонот, како и капацитетот за изведување на вежби, на ранг на други развиени земји.

Како 30-та земја членка на НАТО, Северна Македонија, како што рече претседателот Пендаровски, има што да понуди на своите сојузници во Алијансата.

– Полигонот за вежби „Криволак“, во кој изминатиов период се вложува многу, со цел да се модернизира, е еден од нашите ресурси коишто можеме да ги понудиме на НАТО, додаде претседателот Пендаровски.

При посетата на армискиот полигон „Криволак“, претседателот Пендаровски беше информиран и за претстојната вежба „Одлучен удар 21“, како и за интензивната соработка на нашата Армија со Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД.

Во рамки на таа соработка е и донацијата на материјали за изградба и поправка на патната инфраструктура на полигонот „Криволак”. Ова, како што истакна претседателот Пендаровски, е директна придобивка од членството на Северна Македонија во НАТО и соработката со САД, како еден од нашите најголеми стратешки партнери. 

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Заев води пред Мицкоски со скоро 5%, за 6 години да бидеме членка на ЕУ, првите луѓе на Груевски уште земаат плата од ДПМНЕ?

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk