ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Плаќањето со картички зголемено за 113 проценти во земјава

Истражувањето е спроведено во текот на мај, на примероци од по 500 корисници на картички во земјите од регионот, во старосна граница од 18 до 55 години.

July 9, 2020 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Користењето на бесконтактниот начин на плаќање со Виза картичките во земјава порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86 проценти од граѓаните се подготвени да користат бесконтактни трансакции, покажува првото регионално истражување на компанијата „Виза“ во рамки на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“.

Истражувањето е спроведено во текот на мај, на примероци од по 500 корисници на картички во земјите од регионот, во старосна граница од 18 до 55 години.

Според податоците секој четврти граѓанин на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес редовно користи бесконтактни картички, но лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија е Северна Македонија, каде што дури 68 проценти од испитаниците го користат овој метод при плаќање.

Од друга страна, Албанија бележи најниска употреба – дури еден од 10 потрошувачи плаќа на овој начин, но купувачите во оваа земја се мотивирани да се запознаат подобро со оваа технологија и да ги користат нејзините придобивки.

Како главни предности на употребата на бесконтактни картички се истакнуваат брзината (65 проценти од корисниците го навеле ова како бенефит), едноставност за ракување (65 проценти) и практичност (65 проценти).

Околу 38 проценти од купувачите кои не користат бесконтактни картички, како причина го наведуваат тоа што банката не им понудила таква можност, додека девет проценти истакнуваат дека не знаат дека постои таква опција во државава, или пак се загрижени за безбедноста во текот на користењето – 18 проценти. Шест проценти од корисниците признале дека не се сигурни како се употребуваат бесконтактните картички.

Во исто време, скоро секој петти потрошувач во нашата држава користи мобилен телефон за бесконтактно плаќање, додека 77 проценти се запознаени со опцијата „мобилен паричник“. Околу 68 проценти од корисниците изразиле желба во иднина да плаќаат преку апликација на мобилните телефони, додека 30 проценти се воодушевени од таквата можност. Мнозинството од испитаниците ја истакнале практичноста како позитивна околност на ваквиот вид на бесконтактна трансакција и тоа што „благодарејќи на оваа опција можат да ги остават картичките и готовината дома“. Една петтина од испитаниците сметаат дека овој вид на плаќање е забавен и интересен бидејќи сакаат да бидат во тренд со остатокот од светот. Како главни недостатоци на мобилниот паричник наведени се безбедноста и ограниченоста на бројот на места каде таков вид на плаќање е овозможено.

Виза неодамна во сите земји од Југоисточна Европа го зголеми максималниот износ за бесконтните трансакции за кои не е неопходен внес на ПИН код. Во земјава, тој лимит е зголемен на 2.500 денари./МИА/

Next Post

Филипче: Треба да се реши проблемот со контролните и рендген прегледи, мамографија и ЕХО

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk