Гласањето на денот на изборите ќе биде безбедно. Симулацијата потврди дека може да се гласа и без никаков ризик за гласачите, напиша минстерот за здравство Венко Филипче на профилите на социјалните мрежи.
„Има услови целосно да се испочитуваат принципите за превентивните мерки и протоколот од Комисијата за заразни болести во целост да биде имплементиран“, напиша Филипче.