ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не го потпишаа барањето да се обврзат за подобар живот на лицата со попреченост

Разочарана сум од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, бидејќи не сакаа да се потпишат. Ветија со збор дека ќе ни даделе можеби и повеќе од тоа што бараме, но ние имаме искуство со ветувања во ветар во минатото, и не сакаме повеќе да веруваме, изјави иницијаторката Милошеска.

July 9, 2020 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата „Да создадеме свет без граници” е на иницијатива на Маргарита Маги Милошеска, мајка на девојче со попреченост. Мината недела, Милошеска со писмени покани ги повикала лидерите на политичките партии да дојдат во паркот Жена Борец во Скопје и да се потпишат на листата со барања во знак на поддршка.

Таа појаснува дека се работи за документ составен од десет точки, во кои се бараат подобри услови за живот на децата со попреченост, со кои исто така ќе им се олесни и животот на родителите.

Во барањата од родителите на овие деца, наведени се неколку идеи како што се: да можат да одат во пензија на 55 години, зголемување на додатоците, тргнување на возрасната граница од 26 години за овие лица во здравството, и измена на други закони, со цел лицата со попреченост да добијат подостоинствен и полесен живот.

На средбата свој потпис дале СДСМ, Левица, Македонски концепт и Алијанса за Албанците, а ниту еден претставник од ДУИ не појавил на настанот.

На средбата дошол и претставник од ВМРО ДПМНЕ, но не го потпишал документот со барањата.

Разочарувачки е, вели Милошеска, бидејќи се работи за две големи партии. Благодарни сме им на сите политички партии кои дојдоа и го потпишаа документот со нашите барања, и со тоа се заложија за нивно исполнување. Разочарана сум што воопшто не се појавија од ДУИ, очекував дека ќе дојде нивни претставник.

Исто така, разочарана сум од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, бидејќи не сакаа да се потпишат. Ветија со збор дека ќе ни даделе можеби и повеќе од тоа што бараме, но ние имаме искуство со ветувања во ветар во минатото, и не сакаме повеќе да веруваме. Но, можеби е и фер од нивна страна да не го потпишат она за кое не се сигурни дека ќе го остварат. Сепак, мора да потенцирам дека нашите барања се многу издржани и нема ништо посебно што не би можело да се оствари, изјави Милошеска, која исто така е координатор во Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.

Next Post

Во Тетово стигнува чадот и непријатната миризба од запалената депонија Русино

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk