На протестот пред српскиот Парламент во Белград вечерва се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.
Како што објави порталот Нова.рс, приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.
Група демонстранти ја нападнаа вечерва зградата на Српскиот парламент, пробивајќи ја заштитната ограда пред влезот на законодавниот дом и со неа почнале да ја гаѓаат вратата, но полицијата веднаш реагирала и ја отстранила.
Репортерите на Н1 телевизија јавуваат дека група од 200 демонстранти се многу агресивни, напаѓаат и фрлаат камења и пиротехника кон полицијата. Сите се маскирани, имаат фантомки, агресивни се дури и кон новинарите од кои бараат да не ги снимаат. Нема потврда дали тие се навивачи, но има индиции дека навистина се .
Скандирале кон полицијата „Бидете со народот“ и „Србија, Србија!„
Повеќето мирни демонстранти се оддалечија од платото на Плоштадот Никола Пашиќ и тргнаа кон Пионерскиот парк. Полицијата засега не реагира, не фрла ниту солзавец. Репортерите на Н1 јавуваат за неочекувано мал број полицајци кои стојат на влезот во Српскиот парламент.