ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Државата на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ во офсајд

July 12, 2020 15:38
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишувa: ЏЕЉО ХОЏИЌ

Во среда граѓаните на Република Северна Македонија имаат право да го искористат својот глас и со тоа да го определат по кој правец ќе продолжи да се движи државата.

Од една страна е правиот и брз пат кон ЕУ, преку кој се стигнува до целата – држава во која пристојно се живее. Другиот пат е свртување кон десно, ултра десно, пат кој наместо кон ЕУ не води кон изолација, во друштво на држави кои имаат дефицит на демократија и слаб економски стандард за нивните граѓани.

Влада предводена од СДСМ и Заев е единствена гаранција за успешно водење на процесот на преговорите со ЕУ. Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може само да гарантира дека десничарите како Виктор Орбан и нивниот светоглед ќе го пресликаат кај нас. А преговорите со ЕУ се главниот инструмент со кој државата и треба да се уреди во сите области, од правда до екологија.

СДСМ и Заев фаворити на изборите

Во изборната трка СДСМ и Заев се фаворити за да ја однесат победата на изборите. Тоа е резултат на храбрите политики со кои за три години се надополнија 11 години погрешна политика.

СДСМ во 2002 година дојде на власт во држава после конфликт, која не контролираше една третина од својата територија, па за четири години ја направи држава кандидат членка за ЕУ и ја донесе пред прагот од НАТО интеграцијата. ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до падот во 2017 не ја мрдна државата ниту еден сантим ни кон ЕУ, ниту кон НАТО. Напротив, имаше назадување во демократијата, човековите права, судството и слободата на медиумите.

Во 2017 година СДСМ предводена од Заев повторно ја презема државата на работ на граѓанска војна, по оној упад на 27 април во Собранието. За помалку од три години успеа да ја консолидира државата, да ја направи успешна приказна во регионот, да ги донесе во посета во Скопје германската канцеларка Ангела Меркел, премиерката на Британија Тереза Меј, американскиот државен секретар Мајк Помпео. За три години да направи достоинствени историски договори со Бугарија и Грција, кои ни го овозможија членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. Преговорите со ЕУ нудат пристап и до неколку милијарди евра, преку кои сериозно може да се подобри и забрза развојот во повеќе области на живеење на граѓаните.

Храброста да се носат тешки, но сепак достоинствени компромиси, преку кои државата е на брз автопат кон остварувањето на своите стратешки цели, ќе биде препознаена и наградена на овие избори.

Обезбеденото членство во НАТО за Република Северна Македонија е најпатриотскиот чин, посебно кога на Западен Балкан повторно се заговараат промени на граници. Заговорот за промена на граници доаѓа од центрите на државите кон кои ВМРО- ДПМНЕ сака да не однесе кога врти кон ултра десно.

Политиката „Едно општество за сите“, со која сите граѓани без разлика на етничка и верска припадност ќе бидат еднакви во правата и одговорностите кон државата, му носи на СДСМ и Заев голема поддршка кај прогресивните граѓани и дополнителни десетици илјади гласови од гласачите Албанци, Турци, Бошњаци, Роми, Срби, Власи, Египќани, кои во Заев препознаа и свој лидер, кој ги сруши етничките бариери.

ВМРО-ДПМНЕ во офсајд 

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да направи Влада затоа што се наоѓа во офсајд позиција по сите важни државни прашања. Прво, не снајдоа сила да се откажат од Никола Груевски и да се извинат за неговото владеење. Второ, со својата ултра десно националистичка политика ги одбиваат гласовите на сите прогресивни граѓани. ВМРО -ДПМНЕ ќе има 0% гласови од гласачите-Албанци, а сериозно, повеќе од 4:1 ќе изгуби и во кампусот на гласачи кај помалубројните заедници (Турци, Роми, Бошњаци, Срби, Власи и останати). Трето, ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став што ќе прави со договорите со Бугарија и Грција. По овие прашања доаѓаат различни пораки, едни велат дека договорите се новата реалност, други велат дека договорите се штетни и нетреба да се почитуваат. Четврто, поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја добива од Виктор Орбан, поддршка со која не треба баш да се фали, дополнително и го нарушува и онака лошиот капацитет за коалиција со останатите партии кои ќе обезбедат влез во Собранието. Петто, ВМРО-ДПМНЕ ниту на етничките Македонци не им нуди просперитет и иднина, туку враќање на митологијата и расправите за историјата.

ВМРО-ДПМНЕ е во офсајд и по прашањето на достоинството на работниците кои работат за минимална плата. Ако од 2006 до 2017 година двајца работници од едно семејство живееле од минимална плата, имале месечен буџет од 18.000 денари, денес месечниот буџет на истото семејство изнесува 29.000 денари. Тоа можеби не им значи ништо на кандидатите за функции од до скоро најбогатата партија во Европа, ама на десетици илјади работници тоа покачување на минималната плата живот им значи. Многу слична ситуација е и со семејствата кои се приматели на социјална помош.

Затоа на 15 јули граѓаните кои ќе гласаат имаат на ум дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, државата е во офсајд. Кога граѓаните со својот глас ќе ја насочат државата на прав пат, тогаш ВМРО-ДПМНЕ е во офсајд.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk