ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ич нема да е битно кој ќе е виновен

July 12, 2020 12:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Чувствувате ли, гледате ли како гмизавците и колебливите приврзоци на злосторничкото здружение, кои после падот на режимот се лигавеа и изигруваа „нисам одавде“, сега повторно се враќаат и вртат околу дувлото на матицата?

Намирисаа крв и почнаа да се лигават гласно, им се враќа крвавиот жар во очите, маваат, демолираат, колнат и се закануваат, им се враќа надежта дека ќе го воскреснат злосторничкото здружение и тоа почнува да им пулсира и не можат да го скротат.

Можете ли претпоставено да ги слушнете врескотниците, па и пукотниците од штабот вечерта кога ќе се читаат резултатите, ако колку толку се блиску и имаат некаква надеж да се пазарат за да се вратат и формираат влада?

Што мислите дека ќе се случи, ако намирисаат макар и малку шанса за да се вратат? Што мислите дека ќе се случи, ако им го послужиме незадоволството од сегашнава власт, на тацна, онака – на бе вмровци д’ржте кој ги ебе комуњариве, не ги бива. Па што ако со само 49 пратеници нѐ извадија од европската небиднина, многу споро бе тераат, многу бе се испазарија за влез во НАТО, и за овој чекоров до ЕУ…

Зар навистина мислите дека Мицкоски и тајфата околу него ќе се бори за правда, зар мислите дека овие врховистички остатоци од режимот на Груевски можат да направат некаква реформа во корист на граѓаните?

Јасно дека не мислите така.

Но, ако ова вакво вмровско здружение не излеземе сите заедно да го поништиме на 15 јули, бадијала е што сите си знаеме од кои не/оправдани причини и принципи не сме излегле на избори и тогаш ама ич нема да е битно дека вие ова вмро не го есапите за релевантно. Тогаш има да биде релевантно и тоа како, ние ќе го направиме, сакале признале или не.

Прашањето е – дали ние овој пат ќе стоиме настрана и ќе ги казниме сегашниве за сите погрешни кадровски решенија и куропецања, за пазарењата за правда (ма колку и да биле тие пазарења неопходни), за бавноста, тромоста во решавање на проблемите и покрај тоа што зедоа еден вистински правец – влеговме во НАТО, се наѕира ЕУ, а знаат и да слушнат, да корегираат, да прифатат критика и да реагираат.

Реагираат бавно, со триста сили, ама туркаат некако, мора да им се признае.

А, ама и повеќе од добри резултати во најважните демократски процеси: сега имаме слобода на изразување – на никој веќе не му е страв да пише или каже гласно – јас со ова и со ова не се согласувам… Има слобода на медиуми како во нормален свет, а нема притисоци и закани кон НВО секторот. Мора да се согласиме дека  има сериозни обиди за да се застапува родовата еднаквост, за правата за маргинализираните, дека нема повеќе деца без родители во колективни домови, туку се згрижени соодветно, дека нема мегаломанско трошење на мртов бетон и стиропор, туку се вложува во инфраструктура и проекти за подобрување на квалитетот на живеењето. И сето тоа може да ни изгледа недоволно. И тука може да им најдеме маани за спороста со која решаваат на пример промашени проекти отпорано, што мора да понишуваат криминални договори склучени во минатото, може да ни се чини дека тие инфраструктурни остварувања се така нормални работи што една власт треба да ги испорача, но да – говориме за нормална власт, а не за алтернативата која ни ја нуди ДПМНЕ, па сега да може да си го дозволиме комодитетот и да казниме.

Имаме опција и да се правиме „глуви и слепи“ на тоа што сега ни се случува во главниот град, може да не гледаме како се уриваат дивите објекти во крајбрежјето на Охрид, може да се правиме дека не ја гледаме и тука опструкцијата што ја прават остатоците од минатиот режим, може да не гледаме дека Шар Планина ќе е национален парк. Може да одлучиме дека ќе игнорираме дека ги бркаме рудниците на смртта и ќе си бараат гавази во светот (да, уште правно претаат, но ставот на оваа власт дека не се добредојдени е јасен). Може на пример и да се правиме на удрени дека не гледавме со какви напори се носеа куп закони од законот за Јавно обвинителство, па сè да речеме до Законот за урбанизам. Се бараше начин за договор, за подобро законско решение донесено со широк консензус, со јавни дебати и внатре и со здруженија на граѓани…

А може да се правиме глуви и на тоа дека во оваа предизборна кампања од ВМРО-ДПМНЕ нема да слушаме ни збор за ЕУ и НАТО, зашто сега веќе НАТО е решено, а сте слушаме како Меркел ни порачува да се припремите за отворање на поглавјата со ЕУ. Може да одбереме да игнорираме дека еден Мицкоски тогаш советник на Груевски, сега се осмелува да праша до каде е случајот со Никола Младенов. Може да се правиме на удрени и на тоа дека оној онаков Мицкоски поставен од неговиот газда што побегна во Будимпешта има лице да праша за Смилковско езеро или за Диво Насеље.

Или, сумирано, можеме да им дозволиме на ДПМНЕ да ни се вратат, да нѐ вратат назад во вилаетот на балканската историја и да нѐ тепаат – дали со тупаници и пендреци по улици, или со драконски и нарачани инспекции сеедно, нека се вратат да нѐ доотепаат дури ние „принципиелно“ си седиме, не гласаме и одлучуваме да казниме.

Орбан веќе се јави со видео порака, вели – Поддржете го ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, ние со вас судбински сме поврзани. За неколку денови ја имаме секирата, го имаме саторот со кој ќе пресечеме за нашата судбина и каде сакаме да ја видиме нашата држава. Како што ќе одлучиме, така ќе биде. Или ќе нè биде каде што нè сака демократскиот свет, или ќе го дадеме саторот на недоделканите измеќари да нè изделкаат во папет фигуретинки во неизвесните прегратки на бившиот режим, поддржани од белосветски деспоти.

Тоа е влогот драги мои овој пат, сакале признале, виделе, или не.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕХристијан Мицкоски

НАЈНОВО

За туристите во Албанија ставени во функција 36 летни здравствени амбуланти

June 3, 2025

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

June 3, 2025
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Све је исто, само њега нема“ – Мицкоски ја презема „штафетата“ од Груевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УКИМ отпадна од листата 2.000 најдобри универзитети во светот според CWUR

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk