ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Протуѓер: Би било погубно да се врати на власт партијата која не расчистила со груевизмот и го проблематизира Преспанскиот договор

July 12, 2020 21:42
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Овие се први парламентарни избори на кои нема да гласам бидејќи дијаспората не гласа, а ризик ми е патување во корона услови. Ја следев кампањата секако и очајно е што ја одбележаа т.н. бомби кои уште поилустративно ни го претставија примитивизмот кој е на политичката сцена. Никаде дебата за споделени визии каде треба да се најде Македонија во параметри и услови за живот после пет или 10 години, туку само ниски удари, аудио “воајеризам”, злоба и подметнувања.

Тоа секако предизвикува апатија и очај, па читам се погласни разочарани изјави за бојкот. Секако секој има право на став да гласа за партија или да не излезе да гласа, односно да бојкотира. Но да бојкотира само ако тоа е обмислен став од позиција на возрасна единка која со правото на глас ја разбира сопствената улога и одговорност во процесот. А не инает или детска одмазда за оние кои не ги исполниле неговите/нејзините желби.

Затоа што тоа е повторно покажување немоќ нешто да се промени. Затоа што знам поединци кои никогаш не покажале отпор, ниту направиле граѓански гест кој ќе се побуни против начинот на владеење во период на цел мандат, напротив, бараат врски, ургенции, бизнис, работа, некоја лична услуга и молчат за нефункционалноста на системот, а на ден на избори викаат “тапа се сите, јас не гласам”. Тоа не е однесување на активен поединец туку пасивен актер кој е вечно во некоја улога на жртва.

Сакам повторно овде да го употребам омилениот цитат од психотерапевтот Виктор Франкл кој е соодветен на ситуацијата: “Силите кои се надвор од нашата контрола може на човек да му земат се, освен последната слобода да одбере како ќе се постави во одредена ситуација”. Или сличен цитат на Милтон Ериксон: “Не можеш да влијаеш на картите кои ти се поделени, но можеш да одбереш како ќе играш со нив.” Нема некаде идеална влада, идеален партнер, идеално место за живот, услови кои ги посакуваме. Но наша е слободата да одбереме како ќе се поставиме во дадените услови. Најважното прашање е: “што можам јас да направам во дадената ситуација?” Јас како активна единка, како автор, а не актер во сопствениот живот.
Затоа добро промислете во дадените услови кој потег е во корист на целите кои ги посакувате, наместо ситни одмазди од позиција на немоќ. Таа свест за себе како активен поединец со сета одговорност за сопственото поведение во однос на сопствените и заедничките цели ќе ја промени Македонија. Дали го фрлате ѓубрето на соодветно место и ја чувате заедничката околина? Дали придонесувате со сопственото однесување за почист воздух или за позгаден? Дали поттикнувате корупција со сопственото поведение или ја пријавувате кај соодветните органи? Системот ќе профункционира кога секој одделно ќе покаже дека е активен негов чинител и прави се за зголемување на квалитетот на живот. Така што ако не излезете да гласате, нека биде тоа ваша зрела и осмислена одлука со која сте уверени дека тој ваш потег ќе ве одведе поблиску до вашите цели и вредности за кои се залагате.

Јас да сум таму најверојатно би гласала за коалицијата Можеме не затоа што мислам дека покажале добри резултати. Напротив, многу разочараа и не го направија системот пофункционален. Но не мислам дека мојот ангажман како граѓанин завршува на денот на изборите и ќе укажувам на сите нефункционалности и ќе критикувам жестоко и понатаму. Само знам дека мојот потег на гласање би бил во насока на вредностите за либерална демократија за која се залагам затоа што мислам дека би било погубно за земјата да се врати на власт партија која се потпира на наративот на популистички патриотизам за етничка доминација, која го проблематизира Преспанскиот договор, а со тоа приближувањето кон ЕУ и која кадровски не расчистила со груевистичкото време на автократско владеење, закани, страв и заробена држава. Така што мојот глас би бил прагма, а не верба во СДСМ на пример.

П.с. Морам единствено да ја истакнам улогата на Никола Димитров во целата кампања кој се издигна над валканата кампања на подметнувања, примитивизам и злоба и тераше позитивна кампања и европски вредности. Ете како може поединец да не подлегне на “вредностите” кои доминираат во политичкото миље и наместо пасивен учесник во владата и извршител, да биде активен промотор на европски вредности.

Фејсбук пост на Ида Протуѓер

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Волстрит џурнал: Трамп одобрил планови за напад врз Иран, но се воздржува од објавување наредба

June 19, 2025
фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk