Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, на Твитер профилот напиша порака до граѓаните на Северна Македонија во очи претстојните избори.
„Пред две и пол години го запознав Зоран Заев. Во него препознав нешто што го препознаа и други лидери. Дека тој не зборува за минатото, туку за иднината. Не зборува за проблеми, туку за решенија. Не ги истакна Балканските несигурности на малата европска земја која се плаши да ја изгиби историјата.
Тој ја истакна европската визија на сигурна Балканска земја што се бори да создаде историја. Не историја на војна, нетолеранција и сиромаштија. Ново прогресивно поглавје, Балканска историја базирана на заемна почит, соработка, толеранција, економски развој и социјална правда.
Иднина во Европската унија и НАТО, како што одбрале граѓаните на Северна Македонија. Tри години не се доволни да се остварат очекувањата на земјата. Но како што докажаа Зоран Заев, Никола Димитров и Социјалдемократите, тие се доволни да ја променат судбината засекогаш.
Пред многу години, еден голем поет Блаже Конески напиша; „Сè уште рика таа мака во мене, дека сум роден во смачкано племе“.
Но во последните две години откако го потпишавме Преспанскиот договор, јас слушам друга поема на надеж, од новата генерација на Северна Македонија.
Владимир Мартиновски вели: Купи два леба на мирот и семе за да го израснеме назад изгубеното време. Јас велам, заедно со оваа нова генерацијам на 15-ти јули.
Пред неколку дена, токму со овие стихови од Блаже Конески и Владимир Мартиновски, Ципрас му посака победа на Заев.