Претседателот на СДСМ и носител на листата на ИЕ 4, Заев, при посетата на Кавадарци, се осврна на промените направени досега, меѓу кои и покачената минимална плата, и ги повика граѓаните да излезат на безбедни избори на 15 јули за, како што вели „напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро“.
Патриот е оној којшто носи повеќе пари кај својот народ. Вистински патриотизам е кога минималната плата и во време на решавање на сите спорови и во време на избори, ја покачивме од 9.000 на 14.500 денари.
На ред е да ги исполниме економските соништа, да имаме европска земја тука во Кавадарци, Струмица, Охрид, Куманово, насекаде. На 15 јули излезете и гласајте на безбедни избори, заокружете го бројот 3, за напредокот да продолжи уште повеќе и уште подобро, порача Заев од Кавадарци.
А. Н. С.