Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во пост на Фејсбук сподели порака за поддршката која политиките на неговата партија ја добиваат од Сојузот на Борци и граѓаните поддржувачи. Заев истакна дека честа е голема и дека таа поддршка значи дека „сме на вистинскиот пат“.
Ви благодарам! Нивната борба за слобода е темелот на нашата борба за слобода.
Голема чест ми е што зад исправните политики на СДСМ во изминатиот период застанува и Сојузот на Борци и граѓаните поддржувачи. Тоа значи дека сме на вистинскиот пат.
Борците ја обезбедија слободата и независноста, а денес обезбедуваат продолжување по патот на развојот, интеграцијата и напредокот.
Благодарам почитувани борци, заедно со вас ќе ја добиеме и оваа битка и ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро за сите, напиша претседателот за Социјалдемократите и сподели фотографија од писмото во кое Сојузот на Борци ја искажува својата поддршка.
А. Н. С.