Реакција на НУ Музеј на Република Северна Македонија за написот од нашата редакција од 12.07.2020 година со наслов „Сувенири од 360.000 евра скапуваат во подрум за да врви бизнисот на мајката на Александар Николовски“.
– Големата количина на сувенири од Кина складирани во нашиот музеј ни создава потешкотии во однос на просторот, но тоа не е никаква причина за „заштита на нечии бизнис интереси“. Со г-ѓа Мирјана Николоска музејот има склучено консигнациски договор идентичен како и со многумина други автори кои ги нудат на продажба своите дела во нашите сувенирници. Лидер на политичка партија на предизборен настап може да отвара дилеми и да шпекулира, и тука нема ништо спорно, но Вие
како професионални новинари сте должни да ги проверите фактите во директен контакт со музејот, како што впрочем тоа го направија и Вашите колеги од Нова ТВ.“ се вели во реакцијата на в.д.директор на НУ Музеј на РС Македонија Јован Шурбаноски што стигна на официјалниот мејл од нашата редакција.