Секторот за внатрешни работи Велес ја демантира објавената информација на дел од интернет порталите за поткуп преку исплата на социјална помош од уште по 2.000 денари.
Во демантот на полицијата пишува:
„Во врска со информацијата обајвена во дел од интернет порталите дека во Велес се давани пари како поткуп во вид на социјална помош на граѓаните, Ве известуваме дека во СВР Велес ниту е пријавен таков настан ниту пак е постапувано за таква работа. Апелираме до овие медиуми да не изнесуваат невистини, особено во период на предизборен молк. За сите потребни информации стоиме на располагање на медиумите.“
Пријава денеска за ваков вид на можен изборен поткуп не стигнала ниту во Основното јавно обвинителство во Велес.