„Кога слободата доаѓа уште посилно, фејкњуз МВРО реагира уште повеќе панично. Во паниката толку се изгубија што почнаа да ја величаат придавката. Наеднаш „Северна” мила им се виде. Па посегнаа по пропаганда сведена на сеење страв од апсења и фејк резултати од гласањето на изнемоштените. Ама ниту народ ги гледа ниту некој ги есапи веќе“, пишува вечерва Советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец.
„Слобода е и има кој да ја чува слободата. Таму кајшто се уште не дошла, ќе се избориме и ќе ја донесеме. Нашата слобода е поголема од нивната принуда. Ќе донесеме слобода и таму кајшто тие се уште работат со принуда.
Кога тие се во паника, ич да не им се плашите. Од стравот што го сејат им остана само еден мал отсјај. Корисен е тој отсјај во очи утрешниот ден – нека потсеќа на она време кое не е многу зад нас и кое треба да го пратиме во неповрат.
Нека е вечна слободата, таа вади се на виделина. Ќе ја чуваме и шириме“, додава тој.