ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

July 15, 2020 19:13
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 13.560.696 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 583.525, а оздравеле 7.913.767 луѓе.

– Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 27 нови случаи на Ковид-19, од кои четири се од направените тестови на влезните точки во земјата. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 3.910 позитивни случаи.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 78 новозаразени лица од 375 анализирани примероци, соопшти Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од вирусот е 16. Бројот на активни случаи во Црна Гора во моментов е 1.522. Повеќето нови пациенти се контакти на претходно регистрирани случаи.

– Во Хрватска за изминатите 24 часа се регистрирани 92 новозаразени лица со што вкупниот број се зголеми на 3.953, од кои 1.204 се активни. Од почетокот на епидемијата во Хрватска, тестирани се 97.424 лица, 1.804 во последните 24 часа.Нема смртни случаи за 24 часа. Денешниот број на новозаразени е речиси двојно поголем во однос на вчерашниот.

– Во Словенија потврдени се 19 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што се зголеми вкупниот број на 1.878 од почетокот на епидемијата. Од тековните активни случаи, 16 од се хоспитализирани, а во последните 24 часа не е забележан смртен случај. Во последните неколку недели, се чини дека домовите за нега на стари луѓе повторно стануваат потенцијални жаришта, што укажува на фактот дека две одделенија и четворица вработени се разболеле во домовите во Випава и Харастник.

-Во Косово вчера се извршени 420 тестирања за Ковид-19, од кои позитивни резултирале 119 лица. Со тоа, бројката на заразени од новиот коронавирус од појавата на епидемијата се искачи на 5.237. Од нив, 112 се починати, додека, вклучително вчерашните 92, излекувани се 2.462 лица. Активни носители на новиот коронавирус, според последните официјални информации, се 2.663 лица, од кои речиси половина во главниот град, Приштина./МИА/

Next Post

Еден случај на лажни вести, повлечени набљудувачи на ЦИВИЛ од Бутел, организиран превоз на гласачи во Штип и Прилеп

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk